Познати составите: Работнички излегува со три шпица, Шкендија малку потпретпазливо

834

За околу еден час, Работнички и Шкендија ќе ги почнат своите натпревари од второто квалификациско коло за пласман во Лигата Европа.

Работнички во комплексот на ФФМ се среќава со Динамо Минск од Белорусија, а Шкендија во Струмица го пречекува Хелсинки.

Познати се и составите за овој меч. Тренерот на Работнички, Виктор Треневски се одлучи за нешто поофанзивна варијанта со три шпица: Велинов, Маркоски и Сахити. Шкендија, пак, ќе излезе со нешто попретпазлива формација, но тоа важи само на хартија бидејќи сите фудбалери во тетовскиот тим се способни да погодат.