Познати групите на завршниот Мастерс во Лондон: Надал во групата „Пит Сампрас, Федерер во „Борис Бекер“

235

На денешната ждрепка во Лондон одреден е составот на групите за завршниот Мастерс кој ќе се одржи од 12 до 19 ноември.

Најдоброрангираниот тенисер на светот Шпанецот Рафаел Надал на завршниот турнир од сезоната во Лондон ќе игра во групата „Пит Сампрас“, каде е заедно со Доминик Тим, Григор Димитров и Давид Гофан, одреди денешната ждрепка.

Вториот тенисер на светот Швајцарецот Роџер Федерер ќе игра во групата „Борис Бекер“ заедно со Александар Зверев, Марин Чилиќ и Џек Сок.

Двајцата најдобри тенисери од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето.

Завршниот турнир од сезоната во Лондон ќе се одржи од 12 до 19 ноември, а титулата минатата година ја освои Британецот Енди Мареј.