Подобро забранете ја Формула 1: Укинат најатрактивниот дел од “летачкиот циркус”

1071

Челниците на Формула 1 донесоа исклучително непопуларна одлука на два месеца пред почетокот на новата сезона.

За жал на големиот број љубители на овие трки, во иднина нема да ги има атрактивните девојки пред стартот стартно-целната рамнина. Формула 1 со години губи на својата популарност, но со ова направи голем чекор кон забрзување на овој процес.

Таканаречените Грид девојки обично беа модели кои се користеа во промотивни цели, најчесто за реклама на спонзори, држеа чадори или табли со имињата на возачите, а по трките формираа шпалир преку коју возачите одеа до подиумот. Во иднина такво нешто нема да има.

Новата сезона во Формула 1 почнува на 25 март со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.