Подготвени ли се „топчиите“ да се соочат со нов „Робин Ван Перси?“

5597

Низ годините во минатото, знаеме колку само квалитетни играчи го напуштија Арсенал и преминаа во други европски гиганти, со кои подоцна освојуваа многу титули.

Таква е ситуацијата ова лето во Арсенал со Алексис Санчез, кој пред неколку дена потенцираше дека сака да игра во ЛШ идната сезона, а тој луксуз Арсенал не може да му го дозволи, бидејки ќе се натпреварува во Лига Европа.

Санчез влегува во последната година од договорот со Арсенал, и доколку ова лето тој не се согласи на нов договор со „топчиите“, ќе стане јасно дека ќе го напушти овој клуб летоска.

Од друга страна, најзаинтересирани екипи за овој фудбалер се Манчестер Сити, Челси и Јунајтед.

Каде и да оди од овие три екипи доколку се реши на тоа, секаде ќе биде голем предавник, споредено со она што се случуваше во минатото, кога многу играчи ги напуштија редовите на Арсенал, па подоцна беа прогласувани за фудбалски јуди.

Навивачите на Арсенал се уште се сеќаваат на според нив, најголемото предавство, Робин Ван Перси во Јунајтед, па се поставува прашањето во медиумите, дали тие се подготвени на уште едно такво предавство, доколку Чилеанецот реши да премине во клуб кој ќе се бори следната сезона за највисок дострел.