Погба сепак ќе биде „во игра“ за дуелот против Манчестер Сити

3075

Фудбалерот на „црвените ѓаволи“ кои поради исклучувањето во дербито против Арсенал, ќе го пропушти големиот дуел против „граѓаните“ во битката за Манчестер, која доколку Јунајтед ја загуби ќе ги загуби сите реални шанси за титулата.

Но Погба иако не игра во големото дерби за Манчестер, истакна дека ќе биде на располагање за своите колеги, психички да влијае на нив пред пресудните 90 минути.

Доколку не верував дека Јунајтед може да го стигне Сити, ќе престанав да играм фудбал. Момците знаат дека мора да победат бидејки свесни сме дека заостануваме, но им се доближуваме се повеќе“.

За жал јас нема да играм но сигурно дека ќе бидам тука да помогнам и ментално да ги подготвам колегите. Сакам да бидам тука со играчите, со цел да го поттурнам за да остварат добар резултат, се надевам дека ќе победиме. Ова беше секогаш големо дерби, еден град, два клуба, атмосферата ќе биде пеколна. Комплетно верувам во мојот тим“, истакна Погба.

Французинот нема да игра, а Мурињо ќе мора да одлучи со каква стратегија ќе влезе на натпреварот, а победата против Арсенал им дава само надеж на фановите на Јунајтед, дека Мурињо и овој пат ќе донесе вистинска одлука на теренот.