Погба немаше среќа – Сунес бара од Французинот да го копира својот соиграч во Јунајтед

3732

Францускиот интернационалец Пол Погба синоќа немаше среќа на мечот против Базел, каде се повреди, па мораше да ја напушти играта по само 18 минути.

Се уште нема прецизни информации за неговата повреда, но се шпекулира дека тој ќе паузира две недели, и дека со сигурност го пропушта мечот со Евертон во Премиер лигата.

Веднаш по влегувањето на Фелаини на местото на Погба, Јунајтед по неколку минути постигна гол, и токму движењето на Фелаини на теренот, го импресионираше Грем Сунес, екс играчот на Ливерпул, кој беше стручен коментатор на едно од отворените студиа во Британија, каде ја коментираше играта.

Шкотот истакна дека Погба треба да го следи примерот на Фелаини, играчот кој е доста корисен за Јунајтед, па сака да го види како игра во сличен стил.

Сакам да го гледам Погба да го прави тоа што Фелаини го одработува за Јунајтед“.

Грем Сунес сака да каже дека бара од Погба да биде поагресивен во нападите, и да ја користи својата корпулентност да ги освојува воздушните дуели со противникот./