Повторно проблем: Ѓоковиќ победи со помош на судиите – Баутиста оштетен

1934

Новак Ѓокович успеа да се пласира меѓу најдобрите осум тенисери на турнирот во Рим. Тој славеше во натпреварот против Роберт Баутиста Агут (6:4, 6:4).

Мечот беше интензивен, но проследен со една голема судиска грешка, поен кој можеби му помогна на Ѓоковиќ да го добие натпреварот.

Откако пред 11 години го воведоа „Hawkeye (Соколово око), и го променија тенисот, се повеќе аргументи постојат дека таа видео технологија треба да се проверува по повторено гледање на видео материјалот.

Во вториот сет Баутиста Агут сервираше при 4:4 резултат и имаше топка за 5:4. Ударот на Ѓоковиќ кој заврши блиску до основната линија, Баутиста на судијата му ја покажуваше трагата која беше надвор од теренот, а главниот судија нему му покажа друга линија која беше внатре.

Шпанецот потоа се расправаше со судијата, а подоцна му се извини на Ѓоковиќ, но и покрај се, со снимката од соколовото око, судијата беше тој кој треба да му се извини на Баутиста.