Повторно пламна старата љубов: Ацо Тодоров се врати во МЗТ Скопје!

303

Трофејниот македонски стручњак Александар Тодоров денеска официјално се врати на тренерската функција во МЗТ Скопје.

Тој го водеше тимот од Аеродром во сезоната 2011/12 при освојувањето на првата титула во историјата на клубот, а ова ќе биде негов четврти пат на клупата на МЗТ Скопје каде седеше и во 2000 и 2007 година. Раководството на клубот не сакаше да ја продолжи соработката со Анте Назор кому му истече договорот и сметаше дека е добро повторно да донесе домашен терен.

Во МЗТ Скопје, 44-годишниот Тодоров доаѓа од косовскиот Пеќ, а од последниот ангажман во Аеродром, уште три години беше тренер во Балкан Ботевград и една сезона во Динамо Букурешт.