Повредите посилни од Шпанецот: Надал се повлече од Лондон

542

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повелече од завршниот АТП турнир во Лондон поради обновување на повредната на дессното колено, со што предвреме ја заврши сезоната.

Прес-службата на тенисерот потврди дека првиот рекет на светот не е во состојба да продолжи да се бори, па на неговото место, шанса ќе добие резервата Пабло Карењо Буста.

Надал во првото коло во групата Пит Сантрас беше поразен од Белгискиот тенисер Давид Гофан со 2-1 во сетови.

Учеството на Шпанецот во Лондон беше под знак на прашање до последен момент бидејќи поради проблеми со коленото се откажа и на Мастерсот во Париз. Сепак и покрај ова, Рафа ќе ја заврши годината на првото место на АТП.