Повеќе нема дилеми: Јувентус го менува името, грбот и бојата

2037

Јувентус од следната сезона ќе настапува по ново име, со нов грб и во други бои. Сепак, не станува збор за славниот клуб од Торино, туку за романскиот Јувентус од Букурешт.

Беше само време на прашање кога Јувентус ќе се побуни кон овој мал клуб од Романија кој буквално ги копира детално, а немат ништо заедничко.

Романскиот спортски новинар Емануел Рос на својот профил на „Твитер“ објави дека од Торино љубезно ги замолиле луѓето од раководствот на романскиот тим да ги променат клупските обележја, што било веднаш прифатено.

Па така, Јувентус Букурешт, од следната сезона ќе се нарекува Колентина и ќе има нов грб, но и нови бои.

Инаку, Јувентус од Букурешт е основан во 1992 година, а моментално се натпреварува во најсилната фудбалска лига на Романија.