Победи за Кожув и Охрид – Блокотехна немилосрдно ги гази противниците

237

КК Блокотехна и оваа година ги гази противниците во домашното првенство, денеска ја продолжија серијата на победи при гостувањето во Гостивар.

Гевгелиската екипа славеше со убедливи 68:86, во натпревар каде демонстираа класа пред домашната екипа.

Се предвидуваше дека ќе биде неизвесен натпревар, но на крајот излезе убедлива победа на тимот од Гевгелија.

Мијатовиќ заедно со Стојан Ѓуровски беа најефикасни кај гостинската екипа, остварувајки 16 поени.

Од останатите натпреварот Охрид го победи Пелистер со 87:77, додека Кожув славеше нешто порано победа против Карпош Соколи со 77:90.