Победа за прво место во групата и пласман на ЕП

961

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од квалификациите за ЕП во Хрватска наредната година.

Според досега постигнатите резултати на Македонија и е потребна победа за да сигурно биде прва во групата и да добие поволна позиција на ждребката за групите во Хрватска. Во друг случај кога би одиграле нерешено и би се пласирале на ЕП ќе бидеме во групата на неносители и може да очекуваме потешки противници. Веќе неколку години наназад токму дуелите со Чешка биле талични за македонскиот национален тим, но овојпат Чешка пристигнува во друга позиција. Како првопласирана екипа од квалификациската група 4, Чешка ќе гостува во Скопје со една цел осигурување на првото место на табелата. Македонија има иста цел, победа ја води меѓу носителите на ждрепката во Загреб за групната фаза од ЕП, а нерешен резултат или пораз во математички комбинаторики по реално може да обезбеди пласман.

Македонија е селекција која игра одлично на домашен терен и досега во квалификациски натпревари има загубено само од Франција и Шпанија, додека на останатите натпревари излегувале како победници. Од таму доаѓа и оптимизмот дека вечерва може да се дојде до победа на оваа средба со Чешка која пак е растеретена со сигурен пласман на ЕП.

Селекторот Раул Гонзалез за вечерашниот натпревар против Чешка на располагање во составот ќе го има и Аце Јоноски. Иако не беше во тимот со Украина, нашиот интернационалец вчера се приклучил на подготовките.

Покрај Јоноски за денешниот натпревар селекторот Гонзалес направи и промена на голманската позиција, на местот на Даскаловски за денешниот натпревар е повикан Никола Митревски. Натпреварот се игра во „Вип арената“ односно СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20.45 часот.