Плинарите разочарани: Го разбранивме Штербик, а бараме победа? Тоа не оди така, тој не уништи!

2165

Ракометарите на ППД Загреб најавуваа некакво изненадување против Вардар на вчерашната пресметка, но до тоа не дојде, а „црвено-црните“ ја најавија победата уште на полувреме.

Вардар на полувреме имаше солидни 15:10 предност, што беше еден вид на најава дека дојдоа да остварат уште една победа. Во вториот дел Загреб само си го забетонира својот очај, односно нивната безидејност и нерешителност пред нерешливата загатка на голот, Арпад Штербик.

По натпреварот, кружниот напаѓач на Загреб, Игор Вори, потенцираше дека клучен сегмент за поразот било тоа што го разбраниле Штербик.

Човекот за 30 минути имаше 14 интервенции, што повеќе да се каже? Нападот целосно ни откажа во секој поглед. Малку е да се каже дека тотално разочаравме во нападот, да не употребам некој потежок збор. Во нападот промашувавме чисти ситуации, уште примивме и неколку голови на празен гол. Штета, имавме голем мотив и желба да направиме голем резултат“.

Дури се наполнивме и со самодоверба по мечот и победата над Велење. Ништо, сега мора да одиме напред, пред се пеколни денови и период, имаме по ред многу тешки натпревари, не само во ЛШ, туку и во СЕХА лигата, но сигурен сум дека некој ќе успееме да го изненадиме, само незнам кој“, истакна разочараниот Игор Вори.