Пирло ги критикуваше играчите на Италија кои можат да срушат долга традиција стара 60 години

889

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло, ги критикуваше своите сонародници за вчерашното издание на гостувањето кај Шведска во првиот плеј-оф дуел за пласман на СП, каде Италија загуби со 1;0.

Италија стори се, но не успеа да реализира гол барем за изедначување и егал ситуација во реваншот, па Пирло искоментира што е сега до Вентура и што тој треба да стори во реваншот.

Играчите мора да покажат малку повеќе од тоа во Шведска. Во такви натпревари се дава 100% од своите можности, а не да се зборува за судењето. Знам дека селекторот ќе може тешко да ги мотивира играчите по овој пораз“.

Вентура ќе мора да направи добра анализа на првиот натпревар, да ги детектира проблемите и грешките од првиот меч, со цел тие да не се повторат и во реваншот на „Сан Сиро“. Ќе бидат овие три тешки денови за Италија, ги чека долго гледање видеа, но сега тоа можеби и не е така важно“, истакна Пирло.

Италија е редовен учесник на Мундијалите уште од далечната 1958 година, па ќе биде навистина штета да не ги видиме во Русија идната година.