Петар Заборски дојде до златниот медал на Светскиот куп

498
????????????????????????????????????

Македонскиот каратист Петар Заборски го освои златниот медал на Светскиот куп за младинци во Умаг, Хрватска.

Тој во категорија на помлади сениори во категоријата до 75 килограми, по победата во финалето со 4-2 над Италијанецот Лоренцо Пијетромарчи се закити со златниот медал.

„За ова финале бев посебно мотивиран, Во 2015 година во Швајцарија на европското првенство за јуниори исто како и сега влегов во финалето и имав противник од Италија. Тогаш ми судеше судија од Швајцарија и некако цело време го водеше натпреварот, за на крај да ме дисфалификува. Затоа, сега решив по секоја цена да се реванширам. Успеав во тоа и затоа сум многу среќен“, изјави Заборски по финалето.

На Светскиот куп во Умаг учествуваа 2000 каратисти од 70 држави.