Перо Антиќ со порака до МЗТ и Карпош Соколи: Немате грам мадиња!

5006

Најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ, кој неодамна ја освои својата трета титула во Евролигата, со стаус на фејсбук ги прозва кошаркарите и тренерите на финалистите МЗТ Скопје и Карпош Соколи поради својот однос кон турските судии.

Имено, за првпат во историјата на македонската кошарка, странски судии го водеа одлучувачкиот дуел во финалната серија, а сето тоа како резултат на одлуката на МКФ за наводна заштита на македонските судии, кои беа мета на жестоки критики и напади од страна на членови на двата клуба.

За разлика од претходно, овојпат кошаркарите и тренерите на МЗТ и Карпош Соколи беа невообичаено мирни при одлуките на турските судии, иако на претходните натпревари „урлаа“ при секоја одлука која не беше во корист на нивниот тим.

Поради тоа, Антиќ преку фејсбук им се обрати и на едните и на другите, сметајќи дека немаат никаква храброст да реагираат на неколкуте погрешни одлуки на турските судии.

„Го гледам натпреварот МЗТ – Соколи и сакам да ги прашам сите тие играчи што на секоја одлука на нашите судии им се внесуваа во фаца, а сега дека се дојдени судии од друга држава (за квалитетот на арбитрите странски, откако ќе заврши моето првенство-за тројца на натпреварот што се во моментов да појаснам) дигаат рака, се согласуваат со секоја одлука и сите се задоволни.

Заклучок: Нашите судии се лоши или другиве (играчи, тренери и се останато – учесниците на натпреварот во моментов) немате грам мадиња!!! Па гледајќи го првото полувреме направија 100 грешки, а никој никаква реакција).

Заклучок: Се е подобро од македонското!!!

Со мадиња и став се раѓаат луѓе – не се прават преку ноќ!!!

Поздрав небитниот“, напиша Перо Антиќ.

loading...