Перо Антиќ расположен по победата во дербито: Кој е тој Швајнштајгер?

571

Огромна работа заврши Перо Антиќ за неговиот тим во дербито со Партизан. Немаше препознатлива шутерска вечер трикратниот европски првак и единствениот Македонец кој заиграл во НБА лигата, но кога и да беше важно тој беше подреден на екипата и и даваше сила на Звезда.

Разбирливо е што беше исклучително среќен поради триуфмот во првото овосезонско дерби.

Знаеме дека дербито е специфичен натпревар и дека во него мора да се влезе мотивирано и дека е многу поважно тоа отколку она што го носи скаутингот и тренингот. Среќен сум што победивме“, гласи првичната реакција на Антиќ.

Звезда со одличен процент на шут од поле го победи Партизан. Дождот од тројки беше причината за убедливата победа на Звезда.

„Тренираме, одлично почнавме и погодивме отворени шутеви. Добивме на самодоверба и така продолживме. Сепак, треба да ја поправиме одбраната. Многу поени примивме, со оглед на тоа дека сме евролигашка екипа. Ова е дерби, навивачите им дадоа сила на двете екипи. На крајот важен е резултатот“.

За време на дербито Антиќ војуваше со Величковиќ.

Тешко беше на теренот. Баш тешко, долго време се знам со Величковиќ… Навистина тешко се дишеше. Ме болат нозете“, се пошегува Антиќ.

Тој не пропушти да се пошегува кога го прашаа дали го примети Бастијан Швајнштајгер меѓу присутните во салата. Светскиот шампион со Германија дојде на дербито да му даде поддршка на Партизан.

„Кој е тој Швајнштајгер? Не го приметив… Се шегувам, знам кој е тој, но слабо следам фудбал“.