Перо Антиќ и Црвена Звезда се вклучија во акцијата за малиот Јане Велковски

666

Малиот херој Јане Велковски, за кого Македонија и светот разбраа по европскиот Суперкуп во Скопје и понатаму добива поддршка од големите спортски ѕвезди и клубови од Македонија и пошироко.

По поканата од големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед Пол Погба, да присуствува на натпревар на „Црвените ѓаволи“, како и по поддршката која ја доби од Луис Фиго, но и од македонските фудбалери Елиф Елмас, Енис Барди и Илија Несторовски, малиот Јане сега ќе добие помош и од Перо Антиќ, кој во целата акција го вклучи и својот клуб Црвена Звезда.

Од белградскиот великан, на својот официјален Фејсбук профил упатија апел до сите навивачи на Црвена Звезда во Србија, Македонија и регионот да се приклучат во акцијата за малиот Јане Велковски.

Naš Pero se uključio u akciju podrške malom-velikom heroju Janetu Velkovskom. Pozivamo i ostale Zvezdaše u Makedoniji i…

Dikirim oleh KK Crvena zvezda pada 8 Desember 2017