Перо Антиќ добива американска конкуренција во рекетот на Црвена Звезда

380

Српскиот кошаркарски првак, како и актуелен бранител на титулата во АБА лигата, Црвена Звезда се чиние се уште го нема комплетирано ростерот.

Последните информации говорот дека клубот од Белград во следните неколку дена ќе се засиле со Американец. Станува збор за центарот Колтон Ајверсон кој треба да го засили рекетот на „црвено-белите“ каде што во моментов најголем товар понесуваат нашиот Перо Антиќ, Милко Бјелица и Французинот Лесорт.

Ајверсон и летово беше спомнуван како можно засилување, но тој по истекот на договорот со Макаби Тел Авив, по консултација со својата сопруга се врати во САД.

Сепак Црвена Звезда откако пројавил повторно интерес, Ајверсон кој се уште нема пронајдено анагажман, веќе се согласил да се врати во Европа каде што поркај за Макаби Тел Авив има играно и за Пинар Кашијака, Басконија и Бешикташ.