Пеп: Ништо нема да освоиме вака..

1969

Пеп Гвардиола беше прилично нервозен и незадоволен од изданието на своите пулени, откако успеаа да прокоцкаат 2:0 против Тотенхем и на крајот да извлечат само бод на домашен терен.

Тотенхем уште еднаш ја покажа својата жилавост на овој натпревар, а во тоа се увери и Гвардиола.

Тој истакна дека со ваква игра, неговите момци не можат да освојат ништо позначајно.

Вака не може никого да победиме. Играме добро, креираме голем број шанси, но не ги реализираме. Тоа ни се допаѓа цела сезона. Нема да освоиме ништо ако играме вака. Промашуваме, и тоа ни се одбива од глава, посебно против силните тимови/ Никој не ни е крив, освен самите нас“, истакна Пеп по мечот.

Со новиот кикс, Сити останува петтопласиран на табелата, и веќе имаат заостанување од девет бодови зад лидерот Челси, кој има и натпревар помалку, што значи дека разликата може да отиде и до 12.