Пато направи потполен хаос: Исфрлен од тимот со огромна парична казна

937

Бразилскиот фудбалер Александер Пато направи потполен хаос во екипата на кинески Тианжин Кванжиан.

После мечот од азиската Лига на шампиони против Китчеа, кој Тианжин го доби со 3-0, Пато заминал право во соблекувалната, притоа не се поздравил ни со соиграчите, ниту со противникот.

Ова на тренерот Пауло Соса нималку не му се допаднало. Од клубот веднаш побара жестоко да биде казнет бразилскиот напаѓач, што и веднаш се случи.

Патоа е исфрлен од тимот, а покрај тоа ќе мора да плати и парична казна од неколку дестина илјади долари.

Патоа е член на кинезите од минатиот јануари кога пристигне од Виљареал, а во кариерата има настапувано и за Челзи, Сао Паоло, Коринтијанс, Милан, Интернационал.