Партизан најгледан во АБА лигата, МЗТ Скопје и Карпош Соколи при дното (ФОТО)

605

Екипата на Партизан повторно е најгледана екипа во АБА лигата кога станува збор за натпреварите на домашен терен во штотуку завршената сезона.

Во салата “Александар Николиќ”, белградскиот тим го гледале безмалку 66 илјади фанови што е просек од над 4.700 по натпревар. На ова рангирање, македонскиот првак МЗТ Скопје се наоѓа на десеттата позиција иако има една од поголемите арени во АБА лигата. “Штрковите” просечно ги гледале по 1.283 гледачи, а уште полош во овој поглед е Карпош Соколи со просек од 738 гледачи по натпревар.

Инаку, на 191 натпревар од АБА лигата оваа сезона, вкупно присуствувале над 390 илјади гледачи што е просек од нешто над две илјади по натпревар.