Партизан е шампион – „Јна“ блесна со шампионски сјај

923

Фудбалерите на Партизан ја освоија својата 27. титула во националниот шампионат на Србија, осма од осамостојувањето на нашиот северен сосед.

Иако сезонава повторно Црвена Ѕвезда беше фаворитот на хартија, Партизан успеа со одлична серија во финиш на сезоната, да ги претекне „црвено-белите“ и да им ја земе титулата.

Денеска на стадионот „Јна“ со победа против Младост од 5:0, „црно-белите“ ја потврдија новата шампионска титула.

Партизан поведе во 17. минута, стрелец беше Леонардо Да Силва, за подоцна Марко Јевтовиќ да го зголеми водството на 2:0. Во 65. минута Леонардо повторно постигнува гол, овој пат за 3:0, а до крајот голови постигнаа уште и Јанковиќ и Косовиќ за конечни 5:0.