Парадоксите на Серија А: Гатузо е тренер на седумкратниот европски првак, а има најмала плата во целата лига!

429

Според трофеите е во топ три, но според моменталната ситуација во клубот далеку од врвот на Серија А. Милан имаше и значително подобри денови од овие кои моментално ги проживува, а во прилог на тоа и еден податок каков сигурно со децении не можел да замисли. Имено, „Росонерите“ на клупата имаат човек со убедливо најмала плата меѓу тренерите во Серија А.

Џенаро Гатузо според договорот остана на платата која ја добиваше работејќи во младиот тим. Што значи дека Гатузо годишно добива околу 120.000 евра, односно 10.000 месечно. Секако, за многумина тоа се огромни примања, но од шефот на стручниот штаб на седумкратниот првак на Европа сигурно очекуваме малку повеќе.

Впрочем, Фабио Пекија, кој е втор на листата најмалку платени тренери во Серија А, заработува повеќе од двојно – 250.000 евра годишно во Верона.

На спротивниот крај, Масимилијано Алегри во Јувентус има 7.000.000 евра годишно, а го следи кормиларот на Интер Лучијано Спалети со 4.000.000 евра. Претходникот на Гатузо на клупата на „Росонерите“, Винченцо Монтела, би бил некаде на врвот, бидејќи во Милан заработуваше 3.000.000 по сезона. Додека не доби отказ…