Панчев со конкретна порака до Бабунски по неговата одлука?!

4718

Нашиот интернационалец, Давид Бабунски одлучи да се обрати до Арбитражниот суд на ФС во Србија и да побара еднострано раскинување на договорот со Црвена Звезда.

Остатокот на долговите на црвено-белите беа основа за поднесувањето на ваквото барање, но Бабунски одлучи да го напушти клубот затоа што ја нема посакуваната минутажа.

Свој став по тоа прашање изнесе и Дарко Панчев, нашата национална легенда и некогашната ѕвезда на белградскиот клуб.

„Реално, Бабунски не ја доби минутажата која ја очекуваше. Но, дојде во екипа која една година претходно „газеше“ се пред себе, па на тренерот му беше тешко да го менува ваквиот состав. Тоа беше неговиот најголем проблем“, објасни Панчев.

Бабунски за една година запиша 13 настапи во црвено-белиот дрес, а кариерата би можел да ја продолжи во Швајцарија или Турција.

„Давид не беше лош за тоа време кое го играше, но мораше да биде уште подобар за редовно да добива шанса. Така е во странство, мораш да бидеш три пати подобар од дома за да влезеш во составот“, заклучи Панчев.