Пандев: Квалитетот е на наша страна, триумфот наша цел, но нема да биде лесно

354

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, верува дека нашиот тим може да дојде до првата победа во овие квалификации, но предупредува дека против Лихтенштајн мора да се игра максимално и дека победата нема да дојде сама по себе.

Тој побара неговите соиграчи да останат максимално фокусирани и да се оправда фаворитската улога на теренот.

„Не очекува уште еден меч од квалификациите. Одигравме добро на претходните четири, но не успеавме да освоиме бод. Сега ја гледаме шансата да направиме пресврт во квалификациите и да дојдеме до прв триумф. Не заслужуваме да се бориме за дното, а ако победиме можеме да се бориме за четврото место. Триумфот е наша цел и ќе направиме се за да ги освоиме трите бода. Не ја прифаќам фаворитската улога и мислам дека не постојат фаворити. Сите играат и сите сакаат да победат, но мислам дека сме поквалитетни и само со максимумот и ако одиграме како што знаеме ќе дојдеме до победа. Имам негативно искуство од ситуациите кога сме биле фаворити, а сме потфрлиле. Време е да освоиме бодови. Се надевам дека и јас ќе постигнам гол и дека ќе има многу погодоци на утреншниот натпревар“, изјави Пандев.