Пандев како нов соиграч го доби екс играчот на Манчестер Јунајтед (Фото)

1128

Момчето на кое многумина во минатото му предвидуваа поголем успех од тоа што го направи досега, Џузепе Роси, од денеска е нов играч на Џенова, каде ќе другарува со Горан Пандев.

Овој играч својата кариера како младинец ја започна во Парма до 2004 година, за подоцна да се пресели во Манчестер Јунајтед, каде се задржа до 2007 година. Потоа играше во Њукасл и повторно во Парма на позајмица, за да направи подоцна перманентен трансфер во Вилјареал па во Фиорентина.

Нешто подоцна играше и во Леванте и Селта Виго, а од денеска е нов играч на Џенова.