Падна Катар на првиот тест за македонските ракометни јуниори

601

Младата ракометна репрезентација на Македонија до 21 година, денеска успеа да слави тесно против селекцијата на Катар на подготвителниот натпревар.

Македонските ракометни јуниори остварија победа (25:24), во натпревар кој на крајот можеа и да го загубат. На полувреме солидна предност имаше Катар (16:13), но со добра игра на нашите ракометари, се дојде до посакуваниот резултат.

На младите ракометари сега им претстои уште еден пријателски меч со Катар, тој се игра утре во 17 00 часот, а веднаш потоа, јуниорите се враќаат во Скопје каде ќе се комплетираат пред претстојното СП во Алжир.