Очекувана мизерија на МЗТ во Белград: Рутинска победа на Црвена Звезда

244

Црвена Звезда оствари сигурен триумф во вечерашната пресметка против МЗТ Скопје во арената „Александар Николиќ“ со резултат 112:73.

Доминацијата Белграѓани ја поставија уште во раната фаза од мечот, уште по првите 10 минути кои ги добија со резултат 28:23.

Во втората четвртина повторно доминација на домаќините, па на полувреме заминаа со предност од 58:46.

Третата четвртина беше катастрофална за екипата од Аеродром, со само постигнати 8 поени, наспроти 33-те кои ги ефектираа домаќините за уште поуверливо водство. Единствено изедначена беше последната четвртина, во која Црвена Звезда влезе со убедлива предност па намали од темпото, па на крајот домаќините доаѓаат до нова победа со резултат 112:73.

Бојан Трајковски беше  убедливо најрасположен играч од редовите на МЗТ, со постигнати 30 кошеви.