Охрабрувачки вести за фановите на Михаел Шумахер

557

Седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер веќе четири години води голема битка за својот живот.

Легендарниот Германец на 29. декември 2013. година во Франција доживеа несреќа во која претрпе тешки повреди на главата, па неколку месеци беше во кома.

Борбата за неговиот живот и по тоа продолжи. Семејството се грижи за неговото здравје, а менаџерот на германскиот возач Сабине Кем даде барем малку охрабрувачки вести за сите навивачите на легендата на Формула 1.

Сите веќе одамна знаат во каква состојба е Михаел по несреќата која ја доживеа на скијање. Знам дека сите ги интересира неговата состојба. Постои напредок, но многу мал“, потврди Кем.