Официјално: Од ББЦ остана само Ц!

1312

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл официјално ќе го пропушти утрешниот натпревар против Еспањол на домашен терен во седмото коло од Ла Лига.

Информацијата ја потврди Зинедин Зидан на денешната прес-конференција. Такво нешто беше најавено уште по натпреварот против Борусија Дортмунд во вторникот кога Бејл доби удар од еден противнички фудбалер.

“Бејл има истегнување. Не е нешто важно, но ние не сакаме да ризикуваме”, изјави Зидан.

Дека не се работи за сериозна повреда доказ е тоа што Бејл ќе патува во татковината идната недела на собирот на репрезентацијата пред последните два квалификациски дуели за Светското првенство. Како и да е, од фамозното трио на Реал – ББЦ за дуелот против Еспањол остана само Ц, односно Кристијано Роналдо бидејќи покрај Бејл и Бензема нема да игра против каталонскиот тим.