Официјално и сосема заслужено: Раул Гонзалес е најдобриот во Европа!

324

Тренерот на Вардар и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, официјално е прогласен за најдобар тренер во светот за 2017. година!

Тој го предводеше Вардар во најуспешната година во својата богата историја, откако летово ја одбрани титулата во Македонија, го освои трофејот во СЕХА лигата, а најголемиот успех од сите е секако историската европска шампионска титула освоена во Келн.

Токму затоа, Раул, кој сигурно е најзаслужниот за историскиот успех, е избран за најдобар светски тренер за 2017. година. Признанието го доделува специјализираниот веб-сајт за ракомет „Хендбол Планет“, а во гласањето учествуваа 30 новинари и голем број ракометни фанови ширум Европа и светот, кои „Ел Команданте“ и повеќе од заслужено го прогласија за најдобар во светот.

По ова, Вардар добива уште еден лауреат, откако претходно голманот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар ракометар во светот за 2017. година!