Официјално: Азар надвор од репрезентативниот ростер против Грција

494

Еден Азар го пропушти натпреварот од 29. коло во Премиер лигата помеѓу Челси и Стоук поради повреда.

Белгиецот се повреди на последниот тренинг пред гостувањето во Стоук по што Конте не можеше да смета на негвите услуги. За работата да биде полоша, Азар се повреди пред дербито во квалификациите за СП помеѓу Белгија и Грција.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез потврди денес за тамошните медиуми дека најдобриот играч на селекцијата нема да игра против Грција, и на пријателскиот меч против Русија неколку дена подоцна.

„Еден се здоби со повреда пред мечот со Стоук. Не е ништо сериозно, но нема да може да игра против Грција и Русија бидејќи не сакаме да ризикуваме. Тоа е големо незадоволство за нас и за него, бидејќи ова е еден од најважните натпревари во досегашниот дел од квалификациите. Ова е добар тест за нас да видиме колку зависиме од неговата игра, но и шанса за останатите играчи да се наметнат“, истакна Мартинез.

loading...