Откриено: Хамес Родригез веќе ја прифатил понудата на Челзи, но следувал пресврт во кој се замешал Роналдо!?

5436

Колумбиецот веќе бил на прагот да се пресели во Челзи, но одлучи сепак да остане во Реал Мадрид.

Кон крајот на минатиот месец се појави голема трансфер приказна за можноста Хамес Родригез да се пресели во Челзи.

Приказната била практично завршена работа според сите медиуми, а по се судејќи, тоа навистина и било така.

Што се случило?

Медиумите во Колумбија откриваат дека Кристијано Роналдо ја одработил клучната улога во сето ова и дека го советувал Хамес да остане да се бори за место во тимот на Реал Мадрид.

Челзи подготвил понуда од 90 милиони евра, Реал Мадрид бил подготвен да ги прифати, но Колумбиецот по разговорот со Роналдо се предомислил.

Португалецот наводно му објаснил на Родригез дека Реал Мадрид е најголемиот клуб на светот и дека треба да остане да се бори, бидејќи е чест да биде во таква екипа.

Останува на крајот да се види дали ова е вистинската одлука…