Отиде и Фелаини: Манчестер Јунајтед се договори да го „шитне“ непосакуваниот играч

2381

Маруан Фелаини по се судејки што се пишува, ќе го напушти Манчестер Јунајтед или во јануари или на лето, барем според пишувањата на влијателните островски медиуми.

Фелаини во Манчестер Јунајтед беше донесе од Дејвид Мојс, кој се договори со Евертон во трансфер вреден 27 милиони фунти, а според оценките на фановите, тој и не е баш играч каков што му е потребен на еден шампионски Јунајтед.

Меѓутоа, последните извештаи од Англија, веќе тврдат дека Фелаини ќе биде нов играч во турското првенство, односно во екипата на Бешикташ. Белгиецот може уште во јануари да го напушти Јунајтед.

Со оглед на тоа дека на крајот од сезоната му завршува договорот со клубот, Јунајтед решил да го продаде и така нешто да заработи на неговото заминување, и тоа отприлика ќе бидат 7 или 8 милиони евра.

Фред од Шахтар бил наводно играчот кој Мурињо сака да го донесе во Јунајтед и кој ќе има функција каква што има Белгиецот во Манчестер Јунајтед.