Островот се тресе: Мурињо му го краде Алексис Санчес на Сити!

2347

Голем пресврт може да се случи во 48 часа во англискиот фудбал, тврди Скај Спортс.

Во центарот на вниманието е напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчес кој, место во Манчестер Сити, кариерата може да ја продолжи во Јунајтед. Според новинарот Кавеј Солхекол, Жозе Мурињо подготвил понуда во која е вклучен и Хенрик Микитаријан кој не е во плановите на португалскиот стручњак.

Тоа е подобра опција за Арсенал кој, покрај парите,може да добие и квалитетен фудбалер, нешто што Сити не го нуди. Санчес има договор со Арсенал до крајот на сезоната и потоа може да си замине како слободен играч.