Осогово претстави уште две засилувања

334

Екипата на Осогово продолжува да се засилува со нови играчи.

Со засилено темпо во финишот од преодниот рок во Македонија, клубот од Кочани продолжува да ја комплетира екипата пред почетокот на пролетниот дел од полусезоната.

Нови играчи на Осогово се Александар Игески и Дејан Велевски кои зад себе имаат прволигашки натпревари.

25-годишниот Игески е голман и во претходната полусезона настапуваше за екипата на Гостивар, а претходно беше дел од Металург и Хоризонт Турново во првата лига.

Велевски има 24 години и игра на позицијата стопер, а пристигнува од екипата на Силекс. Претходно настапувал за екипите на Младост Царев Двор, 11 Октомври, Пелистер, Новаци и Вардар од Неготино.