Освоен Золдер: Летечкиот Македонец демонстрираше класа во Белгија (ВИДЕО)

2372

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе, денеска иако имаше пех на првата трка, тој сепак успеа да победи на втората трка од шампионатот ЕТЦЦ, во Золдер, Белгија.

Првата трка Иџе добро ја стартуваше, но како одминуваше времето, тој го губеше темпото со водечките, па на крајот заврши на седмата позиција.

Во директна битка за првата позиција во втората трка, која беше далеку подобра и подоминантна за Иџе, Стефановски беше подобар од Рикли. Третопласиран во втората трка беше Фулин.

МАКЕДОНИЈА СЕ ГОРДЕЕ СО ИЏЕ!!!!! МАК ХИМНАТА!

تم نشره بواسطة ‏‎Спортисимо Македонисимо‎‏ في 17 سبتمبر، 2017