Оптимистички најави: Ѓоковиќ ќе биде подобар од кога било

765

Новак Ѓоковиќ ја минува најлошата сезона во кариерата, не само затоа што по долго време излезе од топ-10, туку и затоа што се соочи со тешка повреда која го одвои неколку месеци од терените.

Но, таа полека завршува, за неполни два месеци Србинот ќе се врати на терените и навивачите имаат големи очекувања од него. Високи дострели најавува и неговиот тренер Андре Агаси кој договори соработка со Ѓоковиќ за 2018 година.

“Да бидам искрен, јас не сум му потребен на Новак за повторно да победува, но би можел да му помогна да стане подобар од кога било порано. Ѓоковиќ освои повеќе трофеи од мене во кариерата, можеби наиде на лош период, но јас не се плашам за него”, изјави Агаси.

На последното АТП рангирање, Ѓоковиќ падна на 12. позиција, а до крајот на годината може дополнително да падне. Но, веќе во 2018 година брани многу малку бодови и тоа е шанса да се врати на врвот каде последен пат беше пред крајот на 2016 година.