Олимпијакос „падна“ во Барселона: Каталонците не дозволија пораз од Грците (Видео)

242

Во рамките на 5. коло од Евролигата, кошаркарите на Барселона на домашен терен ја совладаа единствената непоразена екипа до ова коло, тимот на Олимпијакос (73:51).

Гостите натпреварот го отворија на фантастичен начин, водеа со 0:6, но се врати Барселона, па до крајот на четвртината резултатот беше егал (14:14).

Во вториот дел Барселона беше се подобра, па во одредени моменти од првиот дел имаа и предност од +7, за на полувреме да заминат со +6 (32:26).

Олимпијакос вториот дел го отвори исто така во силно темпо, па дојде до изедначување на резултатот. Но како се ближеше натпреварот кон самиот крај, Барселона беше екипата која беше поконкретна.

Последната четвртина во потполност им припадна на домаќините кои го разбија Олимпијакос и дојдоа до сигурна победа.

Барселона до победата беше предводена од Кевин Серахин со 13 поени додека за Олимпијакос најдобар беше Папапетру со 11 кошеви.