Од Португалија во Бугарија: Ефремов потпиша за Локомотив Софија и ќе игра како Бугарин

458

Андреја Ефремов, македонскиот интернационалец се одлучи да ја напушти Бугарија и кариерата да ја продолжи во соседна Бугарија.

Поранешниот голман на Металург, Ренова и Работнички потпиша договор со Локомотив Софија до крајот на идната година. Ефремов веќе тренира со тимот, но нема да настапи на следниот меч со Литекс бидејќи не му е стигнати документацијата од Португалија каде што бранеше за Фамалико.

Тој во новиот клуб ќе настапува како домашен фудбалер бидејќи поседува пасош на Бугарија.