Од Малме уверени дека Вардар ќе игра дефанзивно, и дека можат да го победат, но…

1418

Денеска се игра реванш натпреварот помеѓу Вардар и Малме на стадионот „Младост“ во Струмица, а гостите непрекинато зборуваат за тоа каков е стадионот каде треба да играат, и при евентуален неуспех, веќе си формираат алиби за тоа.

За волја на вистината, стадионот во „Струмица“ не е како да играте на „Филип Втори“ во Скопје, но стадионот каков таков, ќе биде подеднаков и за двете екипи.

Од Малме патуваат со оптимизам дека ќе постигнат гостински гол, кој ќе ги однесе во следната фаза, додека на Вардар на реваншот му одговара и реми без голови.

Вардар ќе игра дефанзивно, а ние веруваме дека може да ги победиме, само мора да се одигра паметно во реваншот“, е ставот на Малме со кој ќе пристапат во реваншот.

Но Вардар покажа како е да се игра офанзивно и да се постигне гол нагости, кој сега ги носи во пододредена улога, блиску до следната фаза.

Натпреварот се игра од 18 часот во Струмица, па се надеваме дека македонскиот претставник ќе обезбеди следна фаза во квалификациите.