Одржано државното првенство во едрење, Јовчески и Негриески најуспешни

308

Според годишниот регатен календар во организација на Едриличарската федерација на Македонија – ЕФМ и ЕК Снегар – Струга се одржа критериумско државно младинско едриличарско првенство во класите Оптимист, Ласер 4.7 и ревијално учество во кадет 470ка.

Своите едриличарски способности, едриличарите од струшките и охридските клубови ги покажаа на регатното поле пред Градска Плажа во Струга. Поволниот ветер од просечно 7 чвора овозможи да се заокружи бодовниот циклус за рангирање, при што со најдобар пласман последователно завршија следниве едриличари:

Ласер 4.7
1. Илија Јовчески
2. место Дамјан Поп Стефанија
3. место Кристијан Дуноски

Оптимист
1. Стефан Негриески
2. Мерт Лушо
3. Софија Ставрева

Ревијално учество во атрактивната класа 470ка забележија Иво Илинчев, Илче Грунче, Јана Гаџоска и Јана Наумоска.

Високото ниво на организација на стручниот професионален тим на ЕК Снегар – Струга и ЕФМ за ваков тип на регатни настани и талентираноста на учесниците уште еднаш потврди за капацитетите кои Македонија ги има за остварување континуитет во спортското едрење, и претставува дополнителен мотив плус и апел за вложување во овој спорт.