Одлични резултати за Иџе Стефановски во кфалификациите во Нирбургринг

687

Најдобриот македонски автомобилист мина одлично на квалификациите за трката во Нирбургринг.

Игор Стефановски Иџе, по трките во Монца и Хунгароринг, го очекуваат две трки на патеката Нирбургринг. Тој на квалификациите се избори за старт од вториот ред, односно од четвртата позиција, што е одличен резултат. Пред него, на првата позиција ќе биде Шрајбер со Хонда, на второто и третото место се Фулин и Мота со Сеат.

Стефановски зад Шрајбер заврши со заостанување од 1.518 секунди, што најавува возбудлива трка во ЕТЦЦ шампионатот.

Стефановски досега има собрано 15 бода од досегашните две од вкупно шест трки во ФИА ЕТЦЦ календарот, со што го зазема петтото место на табелата, додека на првото место е Шрајбер со 40 бода.

Преносот и на третата трка на ФИА ЕТЦЦ 2017,  ќе може да се следи директно на Еуроспорт 1 и тоа, првата трка во 11:10, а втората во 12:50.