Одекна бомба: Изјавата на ќерката на Шумахер го стресе светот

3181

Ќерката на Михаел Шумахер, Џина Марија го стресе светот со изјавата која ја даде за време на церемонијата на доделување признанија на најдобрите во коњички спортови.

Џина Марија е двојна светска шампионка во еден стил јавање, а откако и беше врачена наградата, одржа краток говор кој им предизвика солзи на очите не само на присутните, туку на сите луѓе во светот.

“Му благодарам на жирито, но посебно на родителите кои ми даваат љубов секој ден”, рече таа.

Нејзината изјава дека татко и и дава љубов секој ден одекна како бомба во светот кој четири години нема информации за состојбата на Михаел Шумахер. Седумкратниот светски шампион во Формула 1 се повреди на скијање на 29 декември 2013 година во Франција откако удри со глава во камен.

Оттогаш е на лекување, но семејството не дава апсолутно никакви вести за неговата состојба. Од зборовите на Џина Марија може да се заклучи дека тој, сепак, се чувствува (по)добро.