Одвратен потег на „старото дрндало“ Блатер: Сеп ме фати за задникот, бев шокирана од потегот

1531

Екс претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, е обвинет од Хоуп Соло, голманката на фудбалската репрезентација на Америка дека сексуално ја напастувал и дека ја фаќал за задникот кога била на свеченост во ФИФА.

Во интервју дадено за португалскиот медиум „Expresso“, Хоуп Соло тврди дека тој момент или инцидент според неа, се случил 2013 година, на доделувањето на наградите во организација на ФИФА, во моментите кога таа ја придружувала својата колешка Еби Ванбах.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер ме фати за задникот, јас бев шокирана, тотално. Потоа се прибрав од таа ситуација, а таму бев присутна поради колешката која доби награда. По тој момент, го немам сретнато Блатер за да му кажам што навистина мислам за тоа“, потенцира Соло.