Одбраната станува главен приоритет: Мурињо на шопинг во Барса на крајот од сезоната

1366

Откако го засили нападот со Алексис Санчес, а минатото лето и со Ромелу Лукаку, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја постави одбраната како главен приоритет на крајот од сезоната.

За таа цел, португалскиот стручњак побарал од управата да му биде донесен фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити чија откупна клаузула во моментов е вистинска “багатела” за европски фудбалски прилики. Во договорот од 2016 година кога дојде на Камп Ноу стои дека Французинот може да си замине за само 54 милиони фунти што, со оглед на неговите перформанси, е ништо.

Умтити најави дека на крајот од сезоната ќе почне преговори за продолжување на договорот со Барселона, но раководството на клубот ќе мора побрзо да реагира за да не му се повтори “случајот Нејмар”.