Одбојкарските „Спартанци“ ја започнуваат новата сезона од Европската лига: Азербејџан прв противник во „Кале“

390

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска во СРЦ „Кале“ ги почнува настапите на првиот турнир од годинешното издание на Европската лига.

Од одбојкарската федерација одлучија да ги отворат вратите за сите три дена и гледачите бесплатно да присуствуваат и да ги бодрат „Спартанците“.

Според распоредот, денеска отвораме против Азербејџан од 19:30 часот, потоа в сабота следува дуелот со Албанија и на крајот в недела против главниот против кандидат за првото место, селекција на Шведска.

Следниот викенд во Албанија, ќе се игра вториот дел од турнирот. Првопласираната репрезентација ќе обезбеди место на фајнл-фор турнирот, каде ќе се пласира и најдобропласираната втора селекција од двете групи.