Одбојкарскиот клуб Вардар посилен за Србин од Партзиан во битката за враќање на титулата

210
????????????????????????????????????

Машката одбојкарската екипа на Вардар во сезонава што следи влегува со големии амбици, а тоа се двојна титула, како во домашната лига, така и во националниот куп.

За таа цел, како што дознава sportclub.mk ангажиран е и интернационалецот од Србија, Никола Драгиќ кој доаѓа од тимот на белградски Партизан. Во „црвено-црниот“ табор се враќат и нашите репрезентативци, Дарко Ангеловски кој минатата сезона ја заврши во Романија, како и Ристо Клопчевски кој го носеше дресот на Лешок.

Амбициите на клубот се големи, а тоа се по четири сезони пауза во Скопје повторно да ја врати титулата, а следната година да излезе на меѓународна сцена. Но за сето тоа, односно за да успее овој проект потребна е и дополнителна финансиска помош со која работите би биле многу подобри.

Во првото коло од новата сезона во Првата лига, „црвено-црните“ силите ќе ги одмерат со екипата на Универзитет Тетово.