Одбојкарките на Србија ја освоија европската круна

248

Женската одбојкарска селекција на Србија е нов европски првак. Во финалето на континенталниот шампионат селекцијата на нашиот северен сосед со 3:1 (по сетови 25:20, 25:22, 18:25 и 25:18)  ја совладаа Холандија.

Во интересен натпревар во кој Холандија доминираше само во третиот сет беше одлучен новиот женски одбојкарски првак. За Србинките ова е второ освојување на европската круна, по триумфот на првенството кое се одржуваше во нивната земја во 2011.година.

Во борбата за бронзениот медал Турција со 3:1 беше подобра од Азербејџан.